Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако во грчкиот парламент беше усвоен Преспанскиот договор, премиерот на Македонија Зоран Заев, преку Твитер, упати честитки до грчкиот премиер Алексис Ципрас за успешната ратификација на взаемно потпишаниот договор.
Честито мој пријателе @tsipras_eu, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа. pic.twitter.com/o0VV5GGnZb
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 25, 2019
„Денешниот ден е историски. Денес се пишува нова страница за Балканот. Следните генерации и во двете земји им должат благодарност на пратениците кои со храброст и смелост ги поставија темелите за иднина на мир, солидарноста и хармоничен соживот меѓу двата народи. Северна Македонија која што се роди денес ќе биде земја пријател, сојузник и поддржувач на Грција во нејзините напори за безбедност, стабилност и заеднички развој во регионот“, напиша на социјалните мрежи грчкиот премиер Ципрас.