Заев со апел до Собранието: Пратеници, време е!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Преку неговиот официјален Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев со пораката „Време е“ ги повика сите пратеници да ја преземат својата историска должност во однос на статешките приоритети на земјата – членството во НАТО и ЕУ.

„Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор“, пишува на фејсбук статусот на премиерот Заев.

Владата вчера го достави до Собранието Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насока за негово изменување и дополнување што е обврска од Договорот од Преспа.