Заев: Со Ахмети не разговаравме за јазикот, туку за парите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Будалаштини се тоа дека ќе бидат казнувани граѓаните, ако не зборуваат албански јазик. Се манипулира со народ дека парите ќе бидат двојазични.

Луѓето се манипулирани, па 32 општини во државата се двојазични, Куманово е тројазнично, кого го манипулираат тие. Јазикот е да се разбереме. Да не се плашите од ништо, каква небулоза е тоа, треба да се водиме од потребите на граѓаните, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телевизија 24.

Ние не разговаравме за тие работи, затоа не можев да излезам со деталите. Околу 80 проценти од тоа што го разговаравме со Ахмети беше како ќе ги враќаме парите назад, како ќе ги зголемиме платите на граѓаните. Во ситуација кога не е добиен мандатот не можевме да излезем со детали, ниту да разговараме за деталите, рече Заев.

Тој нагласи дека zaвчера уште во 15 и 30 знаел дека Иванов нема намера да го даде мандатот. Не постојат причини зошто да не го даде мандатот, рече Заев.

Тој нагласи дека и покрај решението на Ѓорѓе Иванов  да не го даде мандатот на 67 те пратеници, тоа не значи дека нема да се направи Влада.

Тој ќе го даде мандатот. Така е ред. Единствено најисправно решение е тоа. На крајот ќе го даде мандатот. Има и други решенија, но редот е Иванов да го даде мандатот.

Вистинските пријатели укажуваат на Македонија да ги оформи институците, само тие што не и мислат добро се за тоа да не се даде мандатот. Граѓаните 70 посто се за ЕУ и НАТО. Ако бидеме трпЕливи во услови на разјарен бандитизам да останеме мирни. Чекорите ќе следат, на крајот Иванов ќе го даде мандатот. На крај ќе се случи тоа, но добро е да биде ден побргу.

Манипулирањето на граѓаните е бандитизам и заштита на неговите интереси. Груевски ја навлекува Македонија во опасно сценарио. Платформата беше објавена претходно, а Груевски беше подготвен да го стави втор јазик албанскиот само да се тргне СЈО. Иванов не бараше 61 мандат од ВМРО ДПМНЕ, од нас бараше, рече Заев.

Заев рече дека цела работа тргна кога Грувески повика на опасно сценарио, граѓаните да излезат на улица.

Што ќе се случи ако продолжи со ова сценарио, ќе доведе ли до поделба на државата. Апелирам до граѓаните да не дозволиме да го спасуваме да се појави пред судовите. Вакви поделби се црно сценарио, но да не бидат граѓаните тие што ќе учествуваат во тоа.

Одговарајќи на новинарски прашања Заев рече дека го осудува нападот на новинарите вклучувајќи го и тој напад вечерва врз главниот и одговорен уредник на НОВА, Борјан Јовановски,  како и надатот на малолетниците пред два дена.

Жално е тоа што ги манипулира граѓаните за да се заштити од тоа да не ги враќа парите и да не одговара пред законот.