Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред да се знае конечниот исход на овие парламентарни избори, најави дека се повлекува од градоначалничката функција. Како негов наследник во наредните месеци, до локалните избори е поставен Коста Костадиновски, досегашен советник.
„На денешната Советот на општина Струмица советниците Катерина Кузмановска и Коста Јанев поднесоа оставка од своето членство во Советот. На нивно место, за нови членови на Советот на општина Струмица беа наименувани Бранко Божинкочев и Фатмаѓул Хаџи. Со оглед на тоа што Катерина Кузмановска покрај советничката функција во изминатите неколку години ја извршуваше и функцијата заменик градоначалник на општина Струмица, градоначалникот Зоран Заев, на почетокот од 48. седница на Советот на општина Струмица, која започна веднаш по завршувањето на 47. седница, најави дека наскоро, на местото на Кузмановска, ќе наименува нов заменик градоначалник, спомнувајќи го името на советникот Костадин Костадинов. По наименувањето на новиот заменик градоначалник, тој како и неговиот претходник, ќе го заменува градоначалникот Заев при неговите службени отсуства од Општина Струмица“, се наведува во соопштението од Општина Струмица.