Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако на YouTube беа објавени 4 нови аудиозаписи под наслов „Вистината за Зоран Заев“, на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој зборува со лице чиј идентитет се уште не е познат, лидерот на СДСМ јавно се извинуваше за вулгарните содржини кои се дел од тие снимки.
Аудио-записи од разговор кој Зоран Заев го води со анонимен соговорник се појавија на социјалните мрежи, поточно, на видео платформата „ЈуТјуб“ на кои може да се слушне гласот на лидерот на СДСМ и уште едно машко лице.
Меѓу другите разговори, се слуша како Заев вели „ебем ти таков народ“ ако и на тие избори – мислејќи на оние во декември 2016.година – не гласаат за него.
На првиот аудио-запис, јасно се слуша како соговорникот го убедува дека ако излезе на избори, тој нема да победи, бидејќи „народ не ги сака“. Ниту него, ниту пак СДСМ. На ова, Заев одговара дека соговорникот размислувал како „задоен ВМРОвец“ и го насочува да внимава на резултатот од изборите, велејќи „ќе видиш што ќе се случи“.
Вториот аудио-запис, всушност е признание на Зоран Заев дека нелегално прислушкуваните аудио-материјали ниту биле безбедни, ниту пак биле само во посед на партијата. Соговорникот го прашува Заев, зошто не му верувал нему и разговорите му ги дал на Чауш. На ова тој одговара, дека така требало со цел тие кои биле на Албански јазик да бидат преведени и да можело да се удри по Али Ахмети.
„Граѓанските организации, тоа што е финансирано од Сорос, Студентскиот парламент сите се мои“ – вели Зоран Заев во третиот аудио-запис.
Во четвртиот аудио-запис, лидерот на СДСМ објаснува дека „СЈО ќе превземе драстични чекори“ и дека ќе направи многу штета, притоа јасно ставајќи до знаење дека оваа институција е под негова целосна контрола. Понатаму во овој запис, Заев се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе „мамето мамино ќе му го е*ам“.
Знаејќи дека ќе го прашаат за тоа, лидерот на социјалдемократите на прес конференција за медиумите одржана по средбата со коалиционите партнери, имаше подготвено одговори за да се оправда за тоа што се слуша во бомбите. Аудио снимката на која се слуша како го пцуе народот кој ќе гласа повторно за тогашната власт раководена од ВМРО-ДПМНЕ, Заев се правдаше велејќи дека бил убеден дека граѓаните ќе ги поддржат демократските политики а не режимот. Тоа го кажа за другата аудио снимка каде се слуша дека се негови „владините организации, тие кои се финансирани од Сорос и Студентскиот парламент“.
Во едната аудио снимка Заев се слуша како вели “Тоа што сега ќе го направи СЈО ќе повреди многумина“. Соговорникот му вели “Ако ми го чепнете Орце….“ а како одговор доби пцост од Заев кон лицето со име Орце. За тоа Заев не кажа ништо конкретно. Денеска рече само дека прислушувањата го потврдуваат неговиот став за чистење на криминалот и криминалците.
Лидерот на СДСМ не негира дека до дел од прислушуваните телефонски разговори пристап имал и таканаречениот Чауш кој е член на партијата а кој ги зел за превод од албански на македонски.
Снимките ги пренесе и ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција. Од таму бараат Заев да се извини јавно за тешките пцости кон народот, а додадоа дека сега му преостанува оставка.
Заев рече дека не сака да има валкана кампања.
Вицепремиерот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи тврди дека бомбите и натаму се објавуваат бидејќи до сега институциите не ја завршиле својата работа како што треба.
Пред два дена се појавија снимки на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој зборува со Зоран Милевски Кичеец вмешан во скандалот Рекет.