Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот човек на СДСМ и бивш премиер, Зоран Заев, на денес одржаната конференција за медиумите најави дека ако нема консензус околу датумот на избори, останува да се почитуваат уставот и законите, додавајќи дека терминот за избори е 21 јуни.
„Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите…треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“, рече Заев.
„Предлогот на опозицијата за избори на крајот на летото е апсолутно неодговорен“, рече Зоран Заев на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ.
Тој смета дека тогаш би можело да има нова здравствена криза, како и да се продлабочи економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Заев рече дека нема да се дозволат незаконски и неуставни избори.