Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во синоќешното гостувањето во 24 Отворено, премиерот Зоран Заев потврди дека нема да се кандидира за претседател на претстојните претседателски избори кои треба да се одржат следната 2019 година.
„Нема да се кандидирам и тука ја затворам дебатата“ – изјави Заев.
Инаку, последните анкети пак покажуваат дека премиерот Зоран Заев за претседателската функција би добил подрршка од 12,4 отсто, а 8,2 отсто за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за министерот за надворешни работи Никола Димитров. За Стево Пендаровски би гласале 6,8 отсто од испитаниците, пет отсто својот глас би го дале за Бујар Османи, додека за Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка се одлучиле 5,8 отсто од анкетираните.