Заев повторно на обвинителна клупа: Денес ново судско рочиште за „Поткуп“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. На минатото рочиште одбраната на Заев побара препис на доказите од предметот.

Судијката Дијана Груевска Илиевска, претходно ја информираше одбраната дека Судот ги немал тие докази од ПИ мерките, потоа дозволи  Заев и неговите адвокати да извршат увид и препис на тие докази.

Таа го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и на денешното рочиште да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќање на Заев и адвокатите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на минатото рочиште пред новинарите изјави дека тој и адвокатите инсистираат да ги добијат копиите од ПИ мерките, бидејќи се сомневаат дека обвинителот и обвинителсвото од коешто што доаѓа ги имаат тие докази од прислушуваните телефонски разговори и видео снимки од разговорот со бизнисменот Иван Николов Сачевалиев од кој наводно барал поткуп.

Првото рочиште за предметот „Поткуп“ беше одржано на 25 јануари 2016 година.