Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес македонската јавност беше воодушевена од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил покажа почит кон нашата земја и ја запеа песната „Македонско девојче“ и тоа го направи на одличен начин.
Овој потег стигна и до премиерот Зоран Заев кој испрати отворена покана до Ѓоковиќ да ги посети Охрид и Скопје.
„Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.
Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија??.
Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.
Воедно, те следиме на Вимблдон ? и ти посакуваме успех“, стои во објавата на Заев на неговиот Фејсбук профил.