Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мандатарот Зоран Заев во денешното обраќање пред Парламентот најави дека ќе предводи реформска влада преку која ќе има живот за сите во Македонија. Според него, владата ќе се фокусира на три клучни темели, економија и живот за сите, силни професионални институции и правда за сите, како и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО и перспектива за сите.
На тоа се обврзувам овде во законодавниот дом низ кој ќе ги носиме одлуките и од пратениците барам доверба за новиот состав и програма на владата, порача Заев.
Со 66 гласа ЗА пред говорот на Заев во Собранието беше изгласано следна точка на дневен ред да биде изборот на новата влада. За изборот на новата влада пратениците треба да гласаат најдоцна до среда на полноќ, а за неа треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.
Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници. Претходно со 66 гласа за пратениците го усвоија предлогот следна точка на дневниот ред да биде изборот на новата влада.