Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во однос на прашањето за Законот за употребата на јазиците стоиме на нашето стојалиште и тука воопшто со ништо не калкулираме, не купуваме време. Ова прашање не е само прашање на ДУИ,Беса, ДПА, ова е прашање и на СДСМ и на македонските граѓани. Оваа влада има намера со решенија да ги затвора отворените прашања, а не да ги става под тепих, изјави вчера премиерот Зоран Заев.
„Предлогот на измените во Законот за употреба на јазиците е во процедура, во тек се консултации. На предлог на нашите европски прјатели нацртот ќе биде испратен и до Венецијанската комисија, на нивна експертиза. Ние како Влада ќе го донесеме предлогот на Законото за употреба на јазиците на отворена седница. Еве и во ВМРО ДПМНЕ велат дека сакаат да ги променат своите позиции кон Албанците во Македонија, па на собраниската расправа очекуваме поддршка и однив. Одлуката е донесена. Собраниска седница може да има и пред добивањето на екпертизата од Венецијанската комисија. Ние може да го донесеме законот, а ако има некакви забелешки до Венецијанската комисија, да седнеме и да дополниме нешто ако се согласуваме со забелешките. Немаме никакви резерви да ги разгледаме и тие укажувања. Со коалициските партнери процесите ги водиме што побрзо да ги решаваме проблемите. Не калкулираме, не купуваме време, законот треба час поскоро да го донесеме. Ако овој закон го донесеме и почне неговата имплементација, тогаш ќе имаме повеќе време да се посветиме на економските прашања. Немаме никакви предрасуди. Тоа што сме го кажале стоиме позади тоа“, изјави Заев.
Претставници на коалициските партнери на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, изјавуваат дека во Владата веќе се договорени законските измени за употреба на албанскиот јазик како втор службен јазик во Македонија.