Заев порача: „Валон Беља, или не знам точно како му беше името, тропа глупости“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На новинарско прашање за случајот со разрешениот економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ваљон Беља, премиерот Зоран Заев денеска даде свој коментар за неговото разрешување од ГАК.

Беља беше разрешен пред два дена откако преку својот фејсбук профил ја обвини директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска, дека е одговорна за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови. Притоа тој и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.

Отткако му бил најавен отказот, Беља почнал да се заканува и неговото однесување не било прифатливо, вели премиерот Зоран Заев.

„Со Валон Беља или не знам точно како е името на досегашниот економски директор, проблемите се од поодамна. Тој е меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени. Тој веројатно кога слушна дека ќе биде променет истапи со вакви работи. Делот со индиции за одредени криминални дела истражните органи треба да го проверат, почнувајќи од Зоран Заев па натаму по хиерархија на извршната власт. Суштината да вака настапи директорот беше тоа што му беше соопштено од неговите дека ќе биде разрешен и тој тргна по тој пат. Затоа се случи одлуката на министерот веднаш да биде разрешен затоа што со соопштување на одлуката и неговиот начин на прифаќање на таа одлука, да тргне во тој правец, дефинитивно може да направи непоправливи штети, не заради тоа што ќе зборува за одредени работи, туку заради тоа што тропа глупости од секој можен аспект. Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен“ – рече Заев.

Инаку, Ваљон Беља е осуден на 1,5 години затвор за неовсластено држено оружје. Беља во јуни 2016 години заминал да го посети тогашниот градоначалник на Чаир Меџити да расчисти некој проблем, градоначалникот не бил во канцеларија и му оставил куршум во салфетка. Беља пред нова година беше дел од вооружена пресметка каде беше ранет во нога. Беља беше разрешен од министерот за здравство Филипче поради несоодветно однесување. Беља тврдеше дека медицинскиот директор Викторија Јовановска направила криминал со набавување на опрема, а Јовановска рече дека се е по процедура Беља и се заканувал бидејќи не сакала да му вработи советници. На оваа клиника нема да има засега економски директор. На прашање до директорот колку се воопшто потребни економски директори тој одговори дека тоа е прашање до министерот, иако средствата за клиниките ги менаџира ФЗОМ.