Home Актуелно Заев порача: Ако ДУИ уценува, ќе му дадам на Мицкоски 13 пратеници за да формира малцинска влада, или ќе му барам 6 за ние да формираме

Заев порача: Ако ДУИ уценува, ќе му дадам на Мицкоски 13 пратеници за да формира малцинска влада, или ќе му барам 6 за ние да формираме

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, на телевизискиот дуел на ТВ24, изјави дека не го прифаќа условот и уценувањето на ДУИ за прв Албанец премиер на Македонија и е спремен да му отстапи пратеници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да формира малцинска влада.

„СДСМ нема да дозволи да биде уценуван. Ако тоа биде условот за да бидеме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ. Спремен сум да му отстапам 13 пратеници на господинот Мицкоски оти толку ќе му требаат за 61 пратеник, тој да формира малцинска влада, или ќе барам од него да ни отстапи 6, оти толку ќе ни требаат нас за да формираме малцинска влада“, кажа Заев.

Мицкоски му одговори на Заев дека математиката не му е добра страна.

ДУИ го промовираше поранешниот пратеник Насер Зибери како кандидат за премиер и води кампања под мотото „Зошто да не“ за премиер Албанец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…