Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според официјалната изјава од директорот затворот „Скопје“ во скопската населба Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, бившиот министер за образование Спиро Ристовски прв вербално нападнал друг притвореник, а за кусо време се случил уште еден инцидент, пренесува Макфакс.
Инцидентот се случи вчера, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. По вербалните напади, имало и физички напад по кој ексминистрите Јанакиески и Ристовски се јавиле кај затворскиот лекар, а Јанакиески бил префрлен во Градската општа болница „8 Септември“, а откако не била утревредна потреба да биде задржан, го вратиле во истражниот затвор.
Премиерот Зоран Заев поради овој инцидент, откако телефонски се слушнал со директорот на затворот, во кој тој му поднел устен извештај за инцидентот, побара оставка од Котевски.
„Барањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано. Се надевам дека ќе има простор да ја завршам истрагата и дека ќе се покажат сите недостатоци кои веќе ги увидовме и потоа ќе биде реализирано барањето на премиерот“, изјавил Котевски за ПлусИнфо.