Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Премиерот Зоран Заев по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека е оптимист дека може да се најде национален консензус за ова прашање. Тој рече дека овој процес бара одговорност и дека е неопходна вклученост на сите, пренесува „Макфакс“.
„Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Овој процес бара одговорност. Имаме цел да обезбедиме напредок и заштита на националните интереси. Неопходна е вклученост на сите“, рече Заев.
Тој додаде дека решение е можно ако има волја и од грчка страна. „Ние ќе продолжиме да преговараме“, рече Заев и додаде дека мора се внимава да не се наруши преговарачкиот процес.
Премиерот, исто така, најави дека во иднина ќе се формираат работни групи за учебниците.
„Нема да ги коментирам грчките позиции. Јас сум оптимист дека може да се најде национален консензус за овие прашања“, рече Заев по состанокот со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.