Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Зоран Заев по Централниот одбор на партијата, вечерва изјави дека ќе бара од Специјалното јавно обвинителство одговор дали идните министри во Владата се осомничени за криминал.
Не планирам да бидам министер за сe, како некои мои претходници, рече Заев. Toj рече дека со БЕСА се договориле за голем дел од работите, но останале ситни детали, кои не биле прифатливи за СДСМ. За Заев биле прифатливи кандидатите од Алијансата на Албанците, но ќе оставел тие да ги соопштат имињата.
Maндатарот ги повика ВРМО ДПМНЕ да дадат им поддршка за реформите кои ќе се спроведуваат, знаејќи сепак, како што рече, дека партијата на Груевски нема да ја поддржи оваа Влада.