Заев од Берлин се враќа со ново ветување од најмоќната жена во Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, македонскиот премиер Зоран Заев се враќа со ветување дека германскиот Бундестаг во септември ќе даде зелено светло за Македонија да ги отпочне пристапните преговори со ЕУ за членство во Унијата, пренесува Дојче Веле.

Ветување дека Бундестагот во септември ќе даде зелено светло за почеток на македонските преговори со ЕУ и честитки за постигнатите резултати на владата. Ова се пораките кои премиерот Зоран Заев, според македонската делегација, денеска ги добил од канцеларката Ангела Меркел на средбата во Берлин.

Од македонската влада велат дека се задоволни од она што го слушнале од Меркел на средбата. Во официјалното владино соопштение се наведува дека септември останува месецот кога Бундестагот ќе расправа и, со голема веројатност, ќе го одобри стартот на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Премиерот Заев на средбата рече дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Потврда за таквата најава претходно стигна и од пратеникот на ЦДУ во Бундестагот, Јохан Вадефул кој во изјава за Франкфуртер алгемајне цајтунг рече дека во септември ќе биде одобрен почетокот на преговорите.

Соопштение издаде и Кабинетот на германската канцеларка, но во него нема ниту збор за ЕУ перспективите на земјата.