Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Eкспертите сметаат дека оваа посета на генералниот секертар на НАТО, Јенс Столтенбер е од клчен карактер како за Македонија така и за регионот.
Заев најави дека Република Македонија и во иднина активно ќе учествува во мировните акции на НАТО. Тој, исто така, се заблагодари за поддршката од Алијансата за Македонија да ги достигне целите во контекст на примена на основните човекови права и економски напредок.
– Со поддршка од земјите-членки на НАТО, Македонија успеа да ги исполни сите критериуми за влез во Алијансата. Сепак, прашањето со името се уште остана нерешено, рече Заев.
Премиерот на Република Македонија додаде дека државата успеа да се издигне над кризата и да ја реафирмира вербата во евроатлантските интеграции.
– Во име на македонските граѓани изјавувам дека државата и понатаму ќе дава поддршка за Алијансата, рече Заев.
Како еден од поглавните фактори за успешни интеграции во НАТО, премиерот Заев го наведе и зголемувањето на буџетот за одбраната, со што секоја година од БДП ќе се издвојуваат 0,2 отсто за воените сили на Македонија.
Премиерот Заев рече дека искрено очекува Македонија да стане 30. членка на НАТО.
Извор: А1Он