Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за АлсатМ, рече дека би немал ништо против да добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија.
Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Северна Македонија, а на крајот од интервјуто на одјавата на новинарот во која му се заблагодари на Премиерот на Република Северна Македонија за учеството во емисијата, Заев рече дека официјално тој сѐ уште е премиер на Република Македонија.
Премиерот Зоран Заев индиректно порача дека му се лути на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи затоа што свика координативно владино тело за имплементација на Законот за употреба на јазиците само со министри од ДУИ, но не и од СДСМ и од другите коалициони партнери.
– Има криза заради тоа што некои политичари сакаат да се китат и со туѓи перја. Овој закон не е на ДУИ, овој закон е и на СДСМ, на Зоран Заев, на Беса, на сите што сме внатре, турска, пензионерска партија….Сите го поддржавме, сите го гласавме и мора да биде во духот на „Едно општество за сите“. Не ми требаат мене националими од ниедна страна, затоа што кога повикав да одработиме како партнерство за државата, една од работите за кои што се согласивме е да градиме едно општество за сите. Како што јас како Македонец внимавам на моите сограѓани Албанци, така и колегите Албанци треба да внимаваат на сограѓаните Македонци – рече Заев во синоќешното телевизиско гостување на Алсат.
Тој потврди дека и СДСМ ќе формира свое координативно тело затоа што Законот а употреба на јаиците бил и нивни производ. Покрај Османи, на координацијата присуствуваа и Министерот за образование, Арбер Адеми, пратеникот, Артан Груби, поранешниот министер за правда, Билен Салији, како и останати претставници на институциите и експерти. Потоа вицепремиерот изјави дополнително дека телото ќе се проширува со други функционери.
Заев додаде дека законот како стапен на сила ќе започне да се применува уште на следната владина седница.
– Секој министер Албанец ќе може да слуша превод со слушалки и ќе може да си го користи законското право да зборува на Албански. Веќе му дадов насоки на владиниот генерален секретар. За владините седници не се потребни посебни подготовки и подзаконски акти. Ние сме првите кои треба да дадеме пример – порача Заев.
https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/805050963186835/