Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонскиот премиер и лидер на владејачката СДСМ Зоран Заев не верува дека поранешниот претседател Бранко Црвенковски ќе формира нова партија. Тој денеска во Ресен на отворање на реновираната полициска станица, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека ваквите информации во одредени медиуми се шпекулација пред локалните избори.
„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, тоа ни е јасно на сите и затоа не верувам во вакви приказни кои што се пуштени во јавноста дека тој ќе формирал нова партија. Тоа не е точно, но дефинитивно треба да го прашате него. Тој е еден од основачите на СДСМ, беше премиер, претседател, наш општественик. Шпекулациите се присутни заради тоа што во Охрид се најавува нова листа од наши докажани социјалдемократи“, рече Заев.
Црвенковски во ноември лани го замрзна членството во партијата и кажа дека тоа ќе биде сè додека Заев не се огради од ставови за Бугарија изнесени во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС. Црвенковски тогаш ги повика членовите на СДСМ под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО, ниту на СДСМ во целина.