Заев не гледа проблеми кај Законот за јазиците – на потег Уставен и Венецијанска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, повторно порача дека со Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија и дека истиот нема да ја наруши нејзината заедничка иднина. Тој апелираше Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него.

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот, како што наведе Заев, е „флагрантно кршење на Уставот, но и кукавичлук“. Според него, законот не бил изгласан скришно и заткулисно, туку девет месеци била отворена дебата.