Заев најави предвремени избори до крајот на октомври 2020 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на посетата на фабриката „Маркварт“ во село Каласлари, велешко, премиерот Зоран Заев соопшти дека предвремни избори ќе се одржат до крајот на октомври 2020 година.

„Предвремени избори ќе има до крајот на октомври 2020 година, тоа е 45 дена пред редовните избори, а тоа е интенцијата затоа што за нас секој ден, секоја недела, секој месец е важен како и придобивките од она што значи во економијата, растот, новите работни места, импактот од Европската унија и НАТО и надежта дека конечните одлуки за стратешките цели на нашата држава ќе бидат исполнети“, истакна премиерот Заев.

Кампањата која се води е со цел да се доближат до граѓаните.

„Оваа кампања која што во моментов ја водиме е за да ги финализираме некои двегодишни активности на Владата како наши сериозни успеси и да ги доближиме до граѓаните да ја отвориме дебатата на секако озарени во периодот кои што доаѓа пред нас и да научиме нешто од граѓаните, да ги видиме слабостите, предностите, задоволство, незадоволство“, изјави Заев.