Заев на средба со Мицотакис и на прием кај Трамп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на агендата на македонската владина делегација која ја предводи премиерот Зоран Заев, на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, грчките извори пренесуваат дека денес Заев треба да оствари средба со премиерот на Грција, Коријакос Мицотакис.

Оваа средба ќе биде прва меѓу двајцата премиери откако Кирјакос Мицотакис ја презеде премиерската функција во Грција, после победи на изборите што се одржаа на почетокот на јули.

Во агендата на премиерот Заев е предвидена и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.

Официјалното обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.