Заев на рочиштето за „Поткуп“: Невин сум, обвинението е бесмислено


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шефот на македонската влада, премиерот Зоран Заев на денес одржаното судско рочиште за случајот „Поткуп“, во кој тој се товари за поткуп, изјави дека е невин и дека обвинението против него е бесмислено.

Според него, обвинението било конструирано со цел да биде спречен политички да дејствува додека беше лидер на опозицијата. Заев порача дека станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР за тој да престане со проектот „Вистината за Македонија“ односно објавувањето на таканаречените бомби.

Тој очекува дека со прегледувањето на доказите ќе се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на објектот, при што тоа било прифатено од нив. Заев истакна дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој немал намера да прими поткуп.

Судот денеска ја прифати како доказ снимката објавена на Јутјуб. Заев се товари дека барал околу 160 илјади евра поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.