Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На неговото обраќањ на самитот „Економист“, македонскиот премиер Зоран Заев порача дека нашиот фокус во моментов е одлуката на ЕУ за пристапни преговори, за која чекаме веќе 15 години.
„Кон средината на октомври нашата земја очекува позитивна одлука од ЕУ, прво затоа што ни ветија. Разбираме дека некои земји се против проширувањето, но мојата прва порака е дека ние не очекуваме веднаш да станеме членка на унијата, туку само да ги започнеме преговорите. Мојата втора порака е дека ако лидерите на ЕУ не одлучат позитивно, ќе го казнат најдобриот пример не само во Европа, туку во целиот свет. Затоа сметам дека отпочнувањето на пристапни преговори ќе биде многу важно за целиот регион” порача премиерот Заев.
„Ние сме држава со функционални демократски институции, имаме дијалог со опозицијата, добар пример сме и за другите региони. Она што најмалку може ЕУ да направи е да продолжи да не потикнува“ – рече Заев.