Заев на 3 јануари поднесува оставка, Спасовски премиер на техничката влада


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот премиер Зоран Заев доцна синоќа објави дека на ЦО на СДСМ потпретседателот на владеачката партија и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски едногласно бил избран за технички премиер, кој на должност ќе стапи на 3 јануари и оваа функција ќе ја извршува 100 дена пред парламентарните избори.

Спасовски треба да биде наследен во својот ресор од дополнителен заменик-министер од редовите на опозицијата согласно пржинскиот договор, а истото важи за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која пак ја превзема функцијата вицепремиер за економски прашања на местото на Кочо Анѓушев, чиј политички ангажман завршува со овој мандат.

Заменик-министер за внатрешни работи е избрана Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски. Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика е избрана Санела Шкриељ, која беше шеф на кабинетот на министерката Царовска.

– Досегашните шефови на кабинетите на Спасовски и Царовска се професионалци и тоа е доказ дека СДСМ има намера да ги имплементира своите политики дури и во преодниот рок на техничка Влада. Во овие 100 дена многу е важно да продолжат реформите и трансформацијата на нашето општество и со овие кадровски решение нема да дозволиме да запрат процесите како што знаеле во минатото при вакви моменти, соопшти Заев од партиското седиште.

Тој порача дека СДСМ е фаворит на изборите.и го повика ДУИ пријателски да го завршат мандатот како коалициони партнери со изгласување на предложениот закон за една изборна единица.