Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По одлуката за донации на вакцини, премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека лично му се заблагодарил на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и на Владата на Бугарија и бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест.
„Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, вели Заев.