Заев му одговори на Борисов – за да успееме треба заедно да зрееме


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Заев и Борисов со меѓусебни пораки за ликот и делото на Гоце Делчев. Бугарскиот премиер бара да созрееме. Неговиот македонски колега смета дека тоа треба да е заеднички процес, јавува Сител.

За Претседателот Пендаровски, Гоце Делчев е граница која државата не би можела да ја премине. Во интервју за Еуроактив, тој вели дека постои голем потенцијал за зголемување на тензиите со Бугарија поради работата на мешовитата комисија, за која според Пендаровски, бугарите се жалат во Брисел дека таа не дава резултати.

„Признавањето на Делчев како Бугарин е црвена линија што Скопје можеби не е подготвено да ја премине“, вели Пендаровски.

Дека земјава нема да прифати Делчев да се прогласи за Бугарин, неодамна откри претседателот на македонскиот дел од комисијата која преговара со Бугарија. Драги Ѓорѓиев во интервју за Сител рече дека земјава никогаш нема да го признае Делчев како бугарин.

Ваквата изјава ја осуди Бугарија и смета дека е таа екстремистичка и навредлива.

Инаку и на последниот состанок на мешовитата комисија, членовите од двете земји излегоа со различни гледишта за Гоце Делчев. Македонската страна понуди заедничко празнување на денот на предавање на моштите од Бугарија, предлог што веднаш го отфрли министерката за надворешни Захариева велејчи дека тоа никој нема да го прифати во Бугарија.

Извор: Сител