Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По повод последната снимка на која Боки 13 му се фали на Камчев дека менаџирал со Зоран Заев, премиерот се огласи на ФБ каде што демантира за било каква поврзаност.
Почитувани граѓани,
Случајот “Рекет” покажува дека она за што се боревме со граѓаните, сите ние заедно, стапува на сцена. Правдата е на потег. Секаде во светот, во било која земја каде власта одлучно и искрено создавала услови да се отвораат истраги против секого каде што имало и најмало сомневање, секаде било тешко и трауматично. Нема да е лесно и кај нас. Ќе биде тешко и ќе има трауми, но само така ќе бидеме држава каде владее правото, само така ќе бидеме држава каква што сите посакуваме.
Повикувам на темелна и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да донесе преземање одговорност, исклучиво согласно докази и согласно словото на правото. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви.
Почитувани,
Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име. При тоа се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник.
Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот “Рекет” и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај.
Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста.
Уште еднаш, ги повикувам сите истражни органи во целост, ама во целост да го истражат случајот и да носат одлуки. Институциите на извршната власт им стојат на располагање со цел свој капацитет на истражните и правосудните органи.
Северна Македонија е подготвена за правда, колку и тоа да е тешко и трауматично. Правдата доаѓа. Секој ќе си одговара за сопствените постапки и тоа во фер, транспарентна и законита процедура.
Во изминативе повеќе од две години како премиер, сѐ што правам е само и единствено во корист и интерес на граѓаните на земјава. Бидете уверени дека на непријателите на нашата земја нема да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157713879167932