Актуелно

Заев и Мицкоски на разговори со американскиот сенатор Марфи

Премиерот Зоран Заев вчера вечер се сретна со американскиот сенатор Крис Марфи кој беше придружуван од амбасадорот на САД Џес Бејли.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирано дека Македонија се движи во правилната насока, низ реформските процеси во земјата и чекорите на градење пријателства со соседите, на патот кон НАТО и кон ЕУ. Сенаторот од САД, Марфи ги охрабрил премиерот Заев и Владата да ги понесат позитивните промени за иднината на Република Македонија. Исто така, сенаторот Крис Марфи пренесе дека САД останува искрен пријател на Република Македонија.

Американскиот сенатор имаше средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која станало збор за продлабочување на меѓусебното пријателство и надградување со нови форми на соработка во насока на исполнување на стратешките интереси на државата, како и за актуелната општествено политичка ситуација.

Advertisements
To Top