Заев: Mи се допаѓа идејата аеродромот да се вика Киро Глигоров


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На премиерот Зоран Заев не му пречи да се промени името на аеродромот во Скопје и наместо Александар Велики, да се вика Киро Глигоров.

Сепак, Заев денеска рече дека тоа е само негово лично мислење и оти за ова ќе требало да се отвори дебата за да се чуе и мислењето на граѓаните. Предлогот за промена на името на аеродромот го даде организацијата именувана како Дипломатски клуб од каде сметаат дека на тој начин ќе се истакнат вредностите на Глигоров. Инаку, оваа година се одбележува 100-годишнината од неговото раѓање.

Извор: Алсат-М