Заев: Име без превод е неприфатливо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Желбата на Грција новото име на Македонија да биде без можност да се преведува на други јазици е неприфатливо за премиерот Заев, јавува АлсатМ.

Тој ова го кажа за германското списание “Дер Шпигел”, покажувајќи сепак оптимизам дека во краток рок ќе се реши прашањето за името. Од друга страна, грчките медиуми пишуваат дека шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас му го испрати на премиерот Ципрас предложениот договор за решавање на спорот што ќе му биде понуден на Скопје. Според нивни извори, овој предлог е сеопфатен и како таков, треба да биде прифатен или одбиен. Оваа недела се очекува на Меѓународниот аеродром во Скопје да слета и самиот Коѕијас, кој се очекува предлог – договорот со седум клучни точки, да го претстави пред македонската дипломатија. Вицепремиерката, Радмила Шеќеринска, денеска прокоментира дека ако решавањето на прашањето за името не се постигне сега, тогаш никогаш и нема.

Членството на Македонија во НАТО и ЕУ е единствениот начин за земјава да се развие, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски. Но, за да се постигне тоа, Владата треба да преземе соодветни чекори во разговорите со грчката страна и да се посвети на институционалните реформи.

Се дознава дека грчката страна го отфрла предлогот Република Македонија-Скопје. За ново име на Македонија неофицијално засега во игра се придавките “Нова”, “Горна”, “Северна“ “Вардарска”.