Заев: Имаме „бомби“ кои се доказ дека Груевски прифатил „Горна Македонија“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во неговото гостување во „Само вистина“ премиерот Зоран Заев ексклузивно изјави дека претходниот премиер, Никола Груевски, во 2012 и 2013 година прифатил „Горна Македонија“ како решение за спорот со Грција за името, но тој предлог бил отфрлен од Грците поради испровоцираноста кај нив од антиквизацијата со „Скопје 2014“.

Ова тврдење Заев го пласираше повикувајќи се на прислушуваните разговори доставени до СЈО. Тој потенцираше дека синоќа првпат ги спомнува овие прислушувани разговори кои сведочат за калкулантството и за лажниот патриотизам на Груевски и на неговите следбеници.

Тој рече дека кога ја објавувал „бомбата“ за преговорите за името овој дел не го објавил за да не наштети на преговарачката позиција на Македонија.