Заев: Или да се спроведе Договорот во Собрание, или предвремени избори!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


И покрај тоа што Референдумот не го достигна потребниот цензус, премиерот Заев е решен да го истурка процесот докрај или во спротивно рече дека ќе побара предвремени избори.

Во изјава веднаш после завршениот рефендум, премиерот Заев рече дека иако цензусот не е исполнет, референдумот е консултативен, а ако мнозинството биде ЗА, тогаш Собранието ќе се обиде да го истурка договорот. Ако не успее, најави предвремени избори.

,Доколку пратениците не ја испочитуваат волјата на мнозинството што гласаа на референдумот, ќе мора да ја примениме следната демократска алатка“, најави премиерот Зоран Заев на обраќањето по завршувањето на референдумот.

,,Граѓаните и институциите спроведоа мирен и демократски референдумски ден. Граѓаните гласаа мирно и достоинствено. Секој граѓанин што излезе гласаше според сопствена волја и убедување.

Референдумот е највисока демократска алатка на кој одлучуваат тие што излегуваат да гласаат.

Без разлика на организираниот бојкот на ВМРО ДПМНЕ, очекувам огромно мнозинство да го дадат својот глас ЗА европска Македонија.

Волјата на оние што гласаа треба да се претвори во политика на одлука во законодавниот дом.

Ако имаме големо мозинство на тие што гласаа ЗА, тогаш јасна е определбата. Гласот на мнозинството ттреба да се претвори во одлука на пратениците“-рече премиериот Заев.