Заев и Ципрас на семејна вечера во Камник (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По затворањето на динамичната агенда и густиот професионален распоред со политички обврски, нашиот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица Заева и грчкиот премиер Алексис Ципрас со партнерката Бети Базиана, отидоа на опуштена вечера во познатата винарија „Камник“.

Според пишувањата од грчките медиуми, кои ја пренесоа оваа вест, Ципрас и Базиана останале во Северна Македонија до полноќ односно се вратиле во Грција околу еден час по полноќ.

Грчките медиуми забележуваат дека Заев го следел стилот на Ципрас и на вечера се појавил без вртоврска.

Ципрас е првиот грчки премиер кој оствари официјална посета на Македонија и со тоа неговото доаѓање во посета на Скопје беше окарактеризирано како историско во многу погледи.