Заев и Орбан се зачекаа во Загреб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На средбата „на минување“ премиерите на Македонија и Унгарија, Зоран Заев и Виктор Орбан, само кратко и куртоазно се поздравиле, но, како што истакна Заев, се надева дека во некоја друга прилика ќе има можност да се сретне со унгарскиот колега Орбан за да поразговараат за азилот и екстрадицијата на Груевски. На самитот во Загреб немало таква шанса, додаде Заев.

На самитот на шефовите на влади на ЦЕИ , Заев остварил средба со еврокомесарот за проширување Хан.Двајцата разговарале за актуелниот процес на уставните измени во парламентот и можноста да се обезбеди потребното мнозинство за да се протуркаа т амандманите во предвидениот рок.

Македонската делегација остварила и биулатерални со престедателот на европската банка за обнова и развој, но и со вицепремиерот на Унгарија , со кој се разговарало за економска соработка мегу двете земји. Во фокусот на самитот на ЦЕИ, на кој учествуваат преставници од 18 земји членки, се стабилност и економската поврзаност и соработка мегу државитево регионот, Европа и светот.