Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челниците на двете најголеми политички партии во Македонија, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денес се ставени во домашна изолација. Ова за јавноста го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на обраќање утринава.
Тие се во задолжителна самоизолација откако и двајцата биле на гости во една телевизиска куќа каде што биле интервјуирани од новинар за кого тестовите покажале дека е позитивен на Ковид-19. Новинарот во овој момент е згрижен во ГОБ „Осми септември“ и е во стабилна состојба.
Тестот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бил негативен, а во текот на денот се чекаат резултатите и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.