Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
СДСМ и неговите партнери од опозициската коалиција го започнаа караванот митинзи во Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ традиционално киниса од Охрид со изборната кампања.
Подготвени ли сме за новиот 11-ти октомври? 11-ти декември нека биде новиот 11-ти октомври! Затоа и ја почнуваме кампањата во слободарскиот Прилеп. Затоа што во Прилеп – победуваме!, повика Зоран Заев, лидерот на СДСМ и на опозиционата коалиција, во понеделникот вечерта во Прилеп.
Најавен како новиот премиер на Република Македонија со скандирањето на неговите симпатизери, Заев го повика својот политички опонент, експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, конечно да прифати дуел со него пред медиумите, за да му ги постави директно прашањата од проектот Вистината за Македонија и за содржината на бомбите од аферата за прислушувањето на илјадниците граѓани, која деновиве ја почна и судската разврска.
Претставувајќи ја програмата на опозицијата за достоинствен живот во Македонија, тој вети зголемување на платите, бесплатно јавно здравство, ослободување на партизираните институции, отворање на нови работни места за задржување на младите луѓе во Македонија и враќање на буџетските средства кон граѓаните, како и враќање и заживување на правната држава, во која „сите што краделе, ќе одговараат и ќе ги вратат украдените пари!“
Заев им се обрати и на неопределените, на корисниците на субвенции, на социјална помош, на вработените во администрацијата и буџетските корисници, како и на малите бизнисмени, дека се сите исправени пред одговорноста за иднината на Македонија и на следните поколенија.
Пред неколку илјади граѓани од целата држава владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид стартуваше со својата изборна кампања
Лидерот на партијата Никола Груевски ја обвини опозиционата партија СДСМ дека спроведувала деструктивното сценарио кое имало за цел редифинирање на државата.
Сценариото кое опозицијата две години го спроведува во државата е сценарио за редифинирање на државата и сценарио за воспоставување на нова држава, која кој знае како ќе заврши на крајот. Веќе на сите им е совршено јасно дека бомбите, протестите и шаторите и Диво насеље, сето тоа било и се уште е едно големо сценарио против нашата држава и ништо друго.Опозицијата наместо коректив на власта се претвори во симбол на деструкција во државата, порача Груевски од Охрид.
Тој додаде дека народот на овие избори ќе им покажел на сите дека не може со сила, закани и уцени да се наметнуваат решенија кои немале подршка од народот и биле спротивни на националните и државните интереси.
Груевски се осврна и на економските резултати на неговата партија и влада во изминатите години, зборувајки за економските политики во наредните четири години тој вети 70.000 нови работни места.