Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, јавува Макфакс.
„Треба да се истражи дали Груевски доброволно ја напуштил земјата или пак, бил киднапиран“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија.
„Ќе направиме се, господинот Никола Груевски да служи казна овде во Македонија. И јавно го поставувам прашањето – знаејќи вака, како се случувале работите, дали тоа доброволно господинот Груевски ја напуштил Македонија, пред да биде издадена наредбата за негово приведување пред суд или па можеби бил киднапиран очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори“, рече Заев.
Во врска со бегството на Груевски и информациите кои што се појавија во јавноста, тој потврди дека е точно дека тој преку Албанија и Црна Гора избегал во Будимпешта каде што побарал азил. Но, Заев е дециден дека Груевски „лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”.
Во врска со случајот тој вели дека постои добра соработка со албанските и црногорските власти, со кои се разменуваат информации.
Фото: Макфакс