Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Премиерот Зоран Заев, на платото пред Владата на Република Северна Македонија, го пречека грчкиот премиер Алексис Ципрас, во посета која многу локални, балкански, но и светски медиуми ја окарактеризираа како историска политичка средба.
Двајцата премиери беа поздравени од министрите од нашата Влада, но и десетината министри од грчката Влада со кои Ципрас пристигна.
Заев и Ципрас пред да влезат во владината зграда за да го започнат официјалниот дел од разговорите, направија и селфи со министрите од двете влади и со новинарите.
Освен средбата со Заев, по која двајцата премиери ќе одржат прес конференција, Ципрас ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
За попладне е најавено одржување бизнис форум, за што од Грција во делегаијата се и 70 тина бизнисмени од поголеми и средни грчки компании.