Заев го објави договорот со Бугарија: Ќе биде потпишан на 1 август!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владата го објави договорот што ќе биде потпишан на 1 август меѓу премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, и бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Со договорот, меѓу другото, Бугарија се обврзува дека нема да ѝ стави вето на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, јавува Макфакс.

Во членовите што беа третирани како контроверзии во јавноста стои дека ќе се формира заедничка мултидисциплинарна комисија за историја и за образовни прашања, која ќе даде толкување на историските настани засновани од историски извори. Таа ќе поднесува извештај еднаш годишно пред владите на двете земји.

„Новата Влада со ваша поддршка застана цврсто на евроатласнкиот пат. Правиме уште еден сериозен исчекор. Овој договор е во согласнот со националните интереси, овој голем чекор одговара на интересите на народите. Одраз е на новиот дух на народите кои градат мостови, а не ги рушат. Договорот ќе го потпишам на 1-ви август во Владата на Република Македонија. Јас како премиер и Владата на Република Македонија сме цврсто решени да решаваме проблеми. Договорот не е само текст ставен на хартија, тој треба да има душа. Верувам и ги почитувам правата и погледите на сите. Секако посакувам и испраќам порака да му дадеме позитивна душа на договорот. Овој договор го усоглассивме затоа што имаме пријател и сосед за да затвориме одредени прашања. Договорот ќе биде јавно објавен на веб страницата на Владата на Република Македонија и секој ќе може да го прочита. Договорот има многу бенефити, а една од нив е да се сопре и миграцијата на млади”, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Со заемна согласност двете страни ќе организираат чествувања историски настани и личности. Ниту една од страните нема да поттикнува и поддржува дејства насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер. Нема да пројавуваат територијални претензии една кон друга. Во договорот исто така стои правото да ги застапуваат интересите на своите државјани во другата земја, со потврда од Македонија дека ништо во нејзиниот Устав не треба да се толкува како мешање во внатрешните работи во Бугарија, со цел да го заштити статусот на лицата што не се државјани на Македонија, што се однесува на нашето малцинство во таа земја.

Двете земји ќе формираат меѓувладина комисија која еднаш годишно ќе организира средби, со напомена дека договорот што се потпишува може да биде изменет, а може да биде и целосно повлечен ако една од земјите го побара тоа.

Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик во согласност со Уставот на РМ.