Актуелно

Заев ги кажа предлозите за името

Македонија понудила четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за агенцијата Ројтерс, пренесе Дојче веле.

„Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“, изјави Заев за Ројтерс во Лондон, каде присуствуваше на инвестицискиот самит за Западниот Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој.

Македонија се надева дека спорот ќе се реши навреме за да добие препорака за почеток на преговори со ЕУ во јуни и потврда на поканата за прием во НАТО во јули годинава, и предлага географска одредница во своето име, наведува Ројтерс.

Инаку, според македонските интелектуалци, се води погрешна политика за промена на нашето име, и таквата политика ќе се случи и смена на македонскиот идентитет, за што Грција упорно и се бори. Според потписниците на писмото објавено до македонската јавност експертите тврдат дека македонската Влада ги пушта по вода, сите тешко стекнати придобивки во спорот што го имаме со Грција, меѓу кои над 137 земји кои не признаа под уставното име, како и пресудата во Хаг.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top