Заев денес бара мандат, ДУИ ќе одлучува дали ќе влезе во Влада


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Зоран Заев, лидерот на СДСМ како што најави вчера, денеска ќе ги поднесе потписите кај претседателот Ѓорѓе Иванов од која ќе го побара мандатот за формирање нова влада. Впрочем Иванов самиот изјави дека оној кој ќе му донесе потписи како доказ, ќе го добие и мандатот.

Следува период каде ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма која ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реална политика, таква каква што избраа граѓаните на Македонија, рекоа од СДСМ по изборот на Заев за мандатар за состав на влада.

Партијата на Ахмети му даде поддршка на лидерот на СДСМ во потписи од десет пратеници, но се уште нема одлука од ДУИ дали ќе партиципира во власта. ДУИ денеска решава дали ќе учествува во влада со договор за коалицирање или преминување во опозиција со поддршка на малцинска влада.

Лидерот на СДСМ ги доби и потписите од Беса и од Алијансата за Албанците. Зијадин Села, пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата, за Алсат М рече дека тие се подготвени да бидат дел од владата, но ако бидат прифатени точките од заедничката платформа на партиите на Албанците.