Заев: Дебата за референдумот кон крај на месецов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дебатата околу референдумот ќе почне кон крајот на месецов, рече денеска премиерот Зоран Заев нагласувајќи ја и важноста од што поскоро формирање на Државната изборка комисија.

„Составувањето на ДИК нема, ниту треба да има каква било поврзаност со одржување на референдумот. Тоа е логично прашање кое дојде по оставките на членовите на ДИК“, рече Заев, потсетувајќи дека во новиот состав на Комисијата опозицијата ќе го има претседателското место, а партиите од власта ќе имаат четири члена.

Како што рече Заев, во престојниот период ќе се дебатира и за датумот на референдумот, референдумското прашање и неговиот карактер. Премиерот не ја исклучи можноста од лидерска средба, ако работните групи не успеат да се договорат околу формирањето на ДИК и поединостите околу референдумот.

Извор: АлсатМ