Заев: Амнестиите се завршена работа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев е убеден дека веќе нема амнестии и оти последна била таа дадена во процесот на помирувањето во Собранието. И Парламентот, како што рече, но и претседателот Ѓорге Иванов завршиле со амнестии, пишува Нова Македонија.

-Тоа со амнестиите заврши. И таа за 27 април што беше донесена преку Собранието беше во знак на помирувањето и јас стојам зад тоа. Собранието не може во овој момент да се впушта во нови амнестии. Не може ниту Министерството за правда, иако има ингеренции. Не може ниту која било друга институција, па ни претседателот Ѓорге Иванов. Тоа впрочем го пишува и во законите, отворете ги и уверете се дека таа можност тој ја нема, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали претседателот, кој има уште околу два месеца од неговиот втор претседателски мандат, може да даде уште една амнестија за истрагите што ги води СЈО против актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Амнестијата што се случи за 27 април, Заев отворено кажува дека била во рамки на процесот на помирување кога на државата и требаше двотретинско мнозинство за уставни измени.

– Јавно го кажувам тоа, рече премиерот Заев, во изјава која ја даде денеска пред Кривичниот суд, каде беше поради случај што се води за закани што ги добивал во 2016 година.

Во случајот тој бил повикан како оштетено лице – сведок за закани за негова ликвидација.

На прашање кој му се заканувал, тој одговори дека во оваа фаза не знае дали би смеел да ги посочи тие конкретни лица кои му се заканувале и додаде дека остава на судот да ја води постапката.

Извор: Нова Македонија