Заев: Ахмети што треба, ќе добие на писмено, правиме се за формирање Влада


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не бараше ништо на писмено од Груевски за да влезе во преговори за влада. Ние ќе му доставиме се на писмено, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, по условот што му го постави Ахмети дека ќе СДСМ ќе ги добие потписите на ДУИ, но дека прво треба да им бидат доставени материјали на писмено.

Ова е процес на добивање мандат. Господинот Ахмети не бараше ништо на писмено од г -динот Груевски за да влезе во преговори за Влада, но ако, за нас зборот е збор, без разлика дали е даден усно или писмено, немаме проблем со оваа работа. Правиме се што можеме побргу да ги собереме потписите, за да добиеме мандат. Тоа значи дека допрва потоа ќе влеземе во преговори за Влада. Тоа што претпоставувам го очекува на писмено е поврзано со идната владина програма, детали од нивната, од нашата платформа и се што е поврзано со иднината на граѓаните“, изјави Заев.

Го повтори ставот дека партијата ќе се изјасни по платформата на албанските парламентарни партии откако ќе го добијат мандатот за состав на нова влада.

Ние не бегаме од платформата. Имаме позитивен аспект на платформата, затоа што е предизвик за нешто што за дел од граѓаните им е пречка во секојдневниот живот, истакна Заев и додаде дека се што се разговара е во рамките на Уставот на РМ , а целта е вели, сите малцински етнички заедници да бидат еднакви.