Заедно со сопругата: Две години брутално се изживувал со сопствената сестра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Маж беше уапсен во главниот индиски град Њу Делхи под обвинение дека ја киднапирал и цели две години ја злупотребувал и се изживувал со сопствената сестра.

Полицијата упаднала во неговиот стан и таму ја нашле жената , која била прегладнета и во толку лоша состојба што не можела да оди и да препознава луѓе.

„Има околу 50 години, а изгледаше како да има 90“, изјави шефицата на полицијата, Свати Маливал. Полицијата реагирала по дојави од соседите, но мажот и неговата сопруга не им дозволиле да влезат.

Затоа полицајците се прекачиле преку балконот на соседите и во станот ја нашле измачената жена. Братот и неговата сопруга се затворени и против нив е поднесена кривична пријава .

Во тек е истрагата за да се утврди што ги натерало на нечовечки начин да ја измачуваат жената.