Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе скоро една деценија славната латино пејачка Шакира и познатиот дефанзивец на Барселона Пике не престануваат да покажуваа и докажуваат колку се сакаат и ни на крај памет не им паѓа да ја раскинат нивната љубовна врска.
Но, иако се заедно повеќе од една деценија, се чини дека не размислуваат ниту службено да го кажат судбоносното „да“.
Во едно неодамнешно интервју за CBS News таа открива дека нема потреба од брак за докажување на љубовта.
„Искрено, бракот многу ме плаши. Не сакам тој да ме гледа како сопруга. Сакам да ме гледа како девојка, љубовница. Сакам да остане на земја и да знае дека во зависност од неговото однесување, сè може да се случи“, изјави пеачката.
View this post on Instagram
Шакира и Пике се запознал во 2010 за време на снимањето на спотот за песната на Шакира „Waka, Waka“, воедно и химна на тогашното Светско првенство во фудбал. Заедно имаат два сина.