Заедно имаат 156 години и се разведуваат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Медиумскиот магнат Руперт Мардок по шест години брак се разведува од сопругата Џери Хол, позната актерка и поранешен модел, како и бивша партнерка на рок-легендата Мик Џегер, пренесува Њујорк Тајмс.

Тие се венчаа во 2016 година, две години откако Мардок се разведе од бизнисменката Венди Денг. Мардок потоа на Твитер напиша дека е „најсреќниот човек на светот“.

Веста за разводот шокира многумина, бидејќи парот разменувал нежности пред камерите минатата година, на прославата на 90-тиот роденден на Мардок. Хол е 26 години помлада од Мардок. Портпаролот на Мардок одбил да ги коментира наводите, додека соработниците на Џери Хол биле недостапни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Двојката се венчала во Лондон во март 2016 година, по пет месеци во врска. Тие организираа, како што тогаш го опишаа британските медиуми, скромна церемонија во Спенсер Хаус. За Мардок тоа беше четврти брак (а сега четврти развод), додека Хол претходно не била во брак. Таа беше во 22-годишна врска со Мик Џегер со кого има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца.

Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се развела во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се оженил со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која бил во брак 32 години и имал три деца. Тие се развеле во 1999 година.

По разводот на Ана ѝ биле дадени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се оженил со претприемачката Венди Денг со која бил до 2014 година и со неа има две деца. Мардок имал 68 години за време на нивната венчавка, додека Венди само 30.