ПРОЧИТАЈТЕ: Како Елон Маск од безначајна видео игра дојде до 16 милијарди долари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Елон Маск е еден од најинтересните ликови во Силиконската долина, а медиумите му се поклонуваат на двете негови компании. Поточно, и Tesla Motors и SpaceX спаѓаат во категоријата на компании кои ги привлекуваат медиумите, а нивната вредност продолжува да расте, бидејќи во иднина би можеле целосно да ја трансформира транспортната индустрија.

Денес е “тежок” 16,6 милијарди долари, и за разлика од други ’вундеркиндови’ од Силиконската долина, каде се работи за успех преку ноќ, Елон Маск не е еден од нив, пишува Тајм.

Ова се неговите осум иновативни потези што ги повлече пред да стане милијардер.

Ја создаде и продаде првата видео игра кога имал само 12 години

Станува збор за вселенска пукачка игра, наречен “Blastar”, за која веројатно не сте слушнале, освен ако навистина не ја следеле гејминг индустријата во раните осумдесетти години. Маск од мал го интересирале компјутери, а со програмирање започна на само девет години.

Всушност, во 1984 година, тој создаде видео игра во BASIC, а изворниот код го продаде за 500 долари, а тоа беше неговиот прв деловен потег. Тој тврди дека се работи за „безначајна игра која се уште е подобра од Flappy Bird“.

Работел како чистач на котел во пилана

Откако во 1988 ја напуштил Јужна Африка, Маск работел еден куп беззначајни работи во Канада. Според биографијата, која ја напиша Ешли Ванс, Маск работел на фармата на неговиот роднина во Валдек, а во Ванкувер научил да користи моторна пила.

Откако се нашол во заводот за вработување, барал најдобро платена работа, а станувало збор за чистење на котлара во една пилана. Работел за 18 долари на час (солидна сатница во 1989), но и за грозна и напорна работа, која вклучувало носење заштитно одело, ползење и влечење низ тесни простори и фрлање на отпадот со лопата на екстремно високи температури.

Вешто го наплатил стажирањето во банка

Откако со брат му Кимбал се вратил во Канада, двајцата почнале да ги проучуваат бизнисмените со кои сакале да се запознаат и телефонски ги барале на ручек. И додека некои на овие несакани повици би реагирале негативно, Маск имал среќа и стапил во контакт со Питер Николсон од Bank of Nova Scotia кој бил импресиониран од неговата иницијатива.

Кога ги запознал, Николсон бил толку воодушевен од Маск што му станал ментор и му понудил летно стажирање во банката за 14 долари на час.

За дополнително да заработи, продавал компјутери од својата студентска соба

Додека одел на универзитетот Квинс во Онтарио, Маск терал бизнис. Продавал делови и составени компјутери, а неговата ’канцеларија’ била во студентската соба. Составувал конфигурации за колегите од факултет, зависно од нивните потреби.

„Ако нивните компјутери имаа проблем или вируси, им ги поправав. Знаев да го решам секој проблем“, раскажува тој.

Плаќал станарина така што куќата си ја претворил во клуб

Откако во 1992 се префрлил на Универзитетот во Пенсилванија, Маск квалитетно ги искористил своите претприемачки инстинкти. Со пријател се вселил во куќа на братството на Универзитетот, при што во текот на неделата учеле, а за време на викендот ја претворале куќата во клуб. Поточно, во пивница. Ги прекривале прозорците со вреќи за ѓубре, а Маск кој никогаш не пиел многу (повремено вотка и кола), останувал трезен за работите да ги држи под контрола. Правел забави и наплаќал влез.

„Така го плаќав студирањето. За една ноќ заработував доволно за месечна станарина“, вели Маск. И не само тоа, често ја наговарал сопствената мајка да продава билети за влез.

Го напуштил факултетот и започнал сопствен старт-ап

Иако пред него била одлична академска иднина, Маск се откажал од студиите и заклучил дека повеќе пари има на интернет. Се отпишал од факултет и во 1995 со брат му го стартувал Zip2, компанија која продавала онлајн градски водич на разни медиуми. За да го започнат бизнисот, тој и брат му позајмиле 28.000 долари од сметката на татко им.

Станал милионер четири години подоцна

Во 1999 го продале Зип2 на компанијата Compaq, се додека во 2002 не ги презел HP. Целиот пазар бил во износ од 307 милиони долари, а Маск заработиле чисти 22 милиони долари.

И тогаш почнал паметно да вложува
Кратко по продажбата на Зип2, Маск инвестирал сопствени 12 милиони долари и станал еден од основачите на X.com која е замислена како иднината на интернет банкарството. На почетокот на милениумов Икс ком се споил со соперничкиот Confinity и двете компании се претвориле во нова која е позната како PayPal. Како мнозински акционер, Маск по многу натегања е тргнат од местото извршен директор, а Пејпал во јули 2002 ја прифатил понудата на eBay иако Маск се противел на тоа. Станува збор за износ од 1.5 милијарди долари, од кои за Маск припаднале неверојатни 180 милиони долари.

Останатото веќе го знаете, Маск моментално работи на повеќе проекти, односно е главен основач и акционер на компаниите SpaceX, Neuralink, OpenAI и Tesla, Inc. која ги произведува Тесла автомобилите.